ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Бомбашот од Истанбул снимен неколку секунди пред експлозијата

Најмалку пет лица загинаа, а 36 се повредени, меѓу кои и 12 странски државјани во самоубиствениот бомбашки напад во главниот трговски и туристички дел во Истанбул, изјави турскиот министер за здравство Мехмет Муезиноглу.

Тој додаде дека седуммина повредени се во тешка состојба, додека израелското МНР пренесе дека меѓу повредените има и нивни државјани. Меѓу загинатите е и напаѓачот.

Напаѓачот ја активира бомбата пред да стигне до целта затоа што се уплашил од полицијата, изјави тој додавајќи дека бомбашот планирал да изврши напад на местото каде што имало поголема гужва.