Трагедија каква што не се памети се случи во Индонезија. За време на натпреварот помеѓу локалните тимови 2 FLO Bandung и FBI Subang гром го уби фудбалерот Септиан Рахарја, пренесе ТопСпорт.
Снимката набрзо се прошири на социјалните мрежи. Несрежата се случи среде натпревар.
Гром го погоди Рахарја, а од силината на ударот уште двајца соиграчи паднаа на тревата.
„Инцидентот се случи кога гром ја погоди жртвата на стадионот. Неговото име е Септиан Рахарја, тој е од Субанг“, откри полицијата.
Рахарја имал 34 години, локалните медиуми објавија дека дишел по ударот на гром, но дека починал набргу откако бил примен во болница.
https://twitter.com/A_NOLDD/status/1756907739484205390?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1756907739484205390%7Ctwgr%5E5ee83041862275eadff2033f914d70e155c605b1%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fkurir.mk%2Fsport%2Ffudbal%2Fvoznemiruvachka-snimka-fudbaler-pochina-po-udar-od-grom-srede-natprevar%2F