(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Инцидент што ја шокираше Србија: Девојче од осмо одделение тепа девојче од шесто одделение

Снимката на којашто се гледа како едно девојче тепа друго помало девојче во училишниот двор на едно основно училиште среде Белград, ја шокираше Србија.

Како што објавија српските медиуми, видеото е направено во белградската населба Калуѓерица.

Девојчето-насилник е осмо одделение, а девојчето кое добива шлаканица е шесто одделение, но двете девојчиња учат во две различни училишта во населбата Калуѓерица.

Повозрасното девојче му удри шлаканица на помалото девојче на кое, пак, му паднаа на земја очилата за вид. По ударот, малото девојче почнува да плаче и вели едка нејзиниот татко ѝ ги купил очилата.

– Отидоа очилата, је*и га. Ако повторно се случи тоа, ќе те искршам тебе – вели повозрасното девојче.