ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Како луѓето бегаа во Тунис

На Јутјуб се појави видео снимка од хаосот на плажата во Сус, Тунис, за време на вчерашните терористички напади.

На видеото се гледаат туристите додека бегаат од исламистите, како и еден човек кој е застрелан додека бега.

Видеото е снимено со мобилен телефон. Откако успеал да побегне од плажата човекот што го снимил видео материјалот се скрил зад контејнер заедно со уште неколку луѓе. Тогаш успеал да го сними мигот како невин човек бил застрелан додека локалното население со неверување бегало низ улиците.