Вознемирувачко видео од сообраќајката во Батинци

Вознемирувачко видео од моментот на несреќата во Батинци во која загина 49-годишен маж кој бил тамошен познат бизнисмен објави ТВ 21.

Станува збор за безбедносна камера на чија снимка се гледа дека автомобилот марка „бмв“ кој удира во возило марка „шкода“ вози со огромна брзина.

Во меѓувреме, МВР соопшти дека со автомобил „шкода“ управувал Н.Р.(49) од село Батинци, додека се судрил со автомобил БМВ управуван од А.Х.(26), исто така од село Батинци.

„По несреќата Н.Р. бил препратен во Ургентен центар во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде била констатирана смрт. А.Х. се здобил со полесни телесни повреди констатирани и исто така е во Комплексот клиники „Мајка Тереза““, се наведува во известувањето на МВР.