Длабоко под улиците на Букурешт, во Европа, во 21-от век, постои мрежа од тунели и одводни цевки кои се дом на стотици мажи, жени и деца кои се зависни од дрога, ХИВ позитивни и болни од туберколоза, се наведува во репортажата на Параик О’Браен за животот во живиот пекол под Букурешт.
Кога Чаушеску падна од власта имаше десетици илјади деца во сиропиталиштата и за кои се грижеше државата во Романија. Но, во 1990 година серија стории открија во каков кошмар живееле овие деца. Сцени на негрижа и суровост кои потсетуваат на концентрационен логор.
Што се случи со овие деца? Според некои, тие се симнале во тунелите под Букурешт. Зависноста од дрога царува, некои веќе имаат свои деца. Влезот во овој подземен свет е дупка во тротоарот на сообраќаен остров. Доцна попладне почнуваат да се будат, искачувајќи се горе како зомби.
Меѓу нив е и момчето Нику, кој изгледа како да има 12. Подоцна се открива дека „малиот“ Нику всушност има 17 години,но, неговиот раст е заостанат поради злоупотребата на дроги.
Подземјето има „шеф“ и долу може да се симнете само со покана. Старите тунели се дел од големиот план на Чаушески за централно греење за градот. Во тунелите, како што опишуваат репортерите, владее ужасен мирис на метална боја која се шири од супстанцата Ауролак, која ја вдишуваат зависниците од мали црни кеси.
Предупредување: Видеото подолу е со вознемирувачка содржина прикажувајќи наркозависници и консумација на дрога