На интернет циркулира морничава видео-снимка, чијашто автентичност е потврдена, од вооружени лица кои наводно убаиваат ранет но сѐ уште жив војник, кој лежи на пат во сопствената крва, а во близина има уште три тела со водливи рани од куршуми во главите што посочува на егзекуција.
На снимката може да се слушнат двајца мажи како извикуваат „Слава на Украина“ и „Слава на хероите“, лозинзи кои ги користат крајнодесничарските украински паравоени формации, чија елиминација во Украина е една од целите на руската, како што Москва ја нарекува „специјална воена операција“,
Во прилозите под видеото се наведува дека еден од нив кој отворено зборува во камерата е истото лице од слична снимка објавена на 30-ти март со натписот „Грузиската Легија продолжува да им помага на Украинците во чистењето на Киевската област од ‘осолбодителите’“.
Двете видео-снимки ги прикажуваат истите луѓе и се чини дека се направено на исто место и приближно исто време, со оклопно возило за коешто камерманот вели дека е „трофеј“, се вели во коментарот на RT.
Во меѓувреме американски The New York Times добил потврда за автентичноста на снимката којашто прикажува максакр на ранети или заробени руски војници од страна на украинската војска. Како што пренесе NYT, снимката е направена на 30-ти мар во текот на повлекувањето на руските трупи од предградијата на украинската престолнина Киев.
Како што објави водечкиот американски дневен весник, редакцијата може да ја потврди автентичноста на водие-снимката од егзекуцијата на заробени и ранети руски војници од страна на украинските безбедносни сили.
Весникот детално ја раскажува бруталната снимка и сугерира дека руските војници веројатно се нападнат од засега на 30-ти март во текот на повлекувањето на руските единици од предградие западно од Киев.
Видеото било објавено на интернет во понеделникот, а NYT од свои извори во средата добиле потврда за автентичноста. Истовремено, портпаролката на Белата куќа, Џен Псаки, за новинарите потврди дека ја видела снимката, но дека нема потврда или извешта во врска со тоа.
Русија претходно апелираше до Обединетите нации, Организацијата за безбедност и соработка во Еверопа (ОБСЕ), Меѓународниот комитет на Црвениот крст, и владите на Германија, Турција и Франција, да побараат од Киев да обезбеди пристап на претставниците на Црвениот крст пристап до заробените руски војници, задржувајќи го своето права да иницира состанок на Советот за безбедност при ОН наскро доколку меѓународните хуманитарни организации не преземат акции во врска со воените заробеници.
Руското министерство за одбрана соопшти дека измачувањата и сакатењета на ранети и заробени руски војници, меѓу кои медиумите наведуваат сечење на врвови на прсти, гениталии и вадење очи кои ги применуваа сега украинската армија, е идентично со постапките на нацистите во Втората светска војна.