Возовите во државава ќе сообраќаат со нов возен ред

Почнувајќи од 27 април, возовите во државава ќе сообраќаат по нов возен ред поради измените во времетраењето на полицискиот час кој сега трае од 19  до 5 часот во работни денови, и од 15 часот во сабота до 5 часот во понеделник.

Како што соопштија од ЖРСМ Транспорт АД Скопје според новиот некои пак  возови нема да сообраќаат.

Од понеделник до петок

Возови кои ќе сообраќаат:

-релација Велес – Скопје – Велес:

  1. воз бр. 601 ќе сообраќа по возен ред со поаѓање од Скопје во 09:15 часот,
  2. воз бр. 2080 ќе сообраќа по возен ред со поаѓање од Велес во 12:10 часот,
  3. воз бр. 2081 ќе сообраќа по возен ред со поаѓање од Скопје во 13:20 часот, и
  4. воз бр. 2082 ќе сообраќа по возен ред со поаѓање од Велес во 14:24 часот.
  5. Од понеделник до петок ќе сообраќа ад-хок патнички воз на релација Скопје – Велес со планирано поаѓање од Скопје во 05.45 часот и пристигнување во Велес во 06.30 часот, (како врска за воз бр. 630 од Велес).

– релација Скопје – Гевгелија – Скопје:

  1. воз бр. 611 со поаѓање од Скопје по возен ред, во 06:23 часот
  2. воз бр. 632 со поаѓање од Гевгелија со променет возен ред, ќе сообраќа предвреме со поаѓање од Гевгелија во 15:10 часот.
  3. воз бр. 631 со поаѓање од Скопје со променет возен ред, ќе сообраќа предвреме во 15:24 часот.
  4. воз бр. 630 од Гевгелија со променет возен ред, ќе сообраќа со задоцнување, со поаѓање од Гевгелија во 05.40 часот. ( од вторник до сабота )

-релација Скопје – Битола – Скопје:

  1. воз бр. 641 со поаѓање од Скопје по возен ред, во 06:57 часот
  2. воз бр. 642 ќе сообраќа по возен ред со поаѓање од Битола во 12:51 часот.
  3. воз бр. 643 со поаѓање од Скопје по возен ред, во 14:30 часот
  4. воз бр. 640 ќе сообраќа од Битола со променет возен ред, со задоцнување, со поаѓање од Битола во 06:00 часот. ( од вторник до сабота )

Во сабота

Возови кои ќе сообраќаат:

  1. воз бр. 640 ќе сообраќа од Битола со променет возен ред, со задоцнување, со поаѓање од Битола во 06:00 часот.
  2. воз бр. 630 од Гевгелија со променет возен ред, со поаѓање од Гевгелија во 05.40 часот.

Нема да сообраќаат возовите на следниве релации

– релација Скопје – Куманово – Скопје:

– релација Скопје – Кичево – Скопје:

– релација Скопје – Кочани – Скопје: