
Британската железничка компанија ги суспендираше сите директни возови кон лонсконата железничка станица „Викторија“ до 10-ти јануаеи, бидејќи многумина од нејзиниот персонал или се болни од Covid-19 или се во изолација.
Компанијата „Southern Rail“ објави на Twitter дека поради болеста и изолација на службениците, нема да има директни возови кој железничката станица „Викторија“ во Лондон, што ги наруши плановите на луѓето коишто со воз патуваат на работа од јужен Лондон, како и лониите кои водат кон југот на земјата.
Британија е погодена од новиот бран на епидемијата на коронавирусот предизвикан од омикрон варијантата. Во среда беа потврдени рекордни 183.037 новозаразени. Канцелариските службеници, поради тоа, работат од дома.
Иако се чини дека омикрон варијантата е помалку опасна, оваа варијанта на коронавирусот е многу позаразна и компаниите ширум Британија имаат проблеми со недостигот од работници.