Возрасен скопјанец застрелан во обид да смири кавга на неколку лица со неговите синови

Шеесет и осумгодишен скопјанец бил ранет од огнено оружје во четвртокот вечерта пред семејната куќа на популарната Пластичарска улица, откако се обидел да смири вербална расправија меѓу три лица со неговите два сина, информираше Министерството за внатрешни работи.

Во СВР Скопје изминатата ноќ околу 22 частот добиле известување дека во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ со повреда бил донесен 68-годишниот Р.Б. од Скопје.

Според пријавеното, во неговиот продажен објект на булеварот „Никола Карев“ околу 21.30 часот дошле 33-годишниот Е.С., 56-годишниот Н.С. и 27-годишниот Џ.С., сите од Скопје и физички ги нападнале неговите синови 41-годишниот Е.Б. и 27-годишниот Е.Б..

Според пријавеното, Р.Б. од горниот кат се симнал да види што се случува, при што Е.С. од пиштол испукал еден куршум и го повредил во десната надколеница, по што напаѓачите избегале.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.