Во СВР Скопје во среата во 14.30 часот било пријавено дека во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ со тешки телесни повреди здобиени од сообраќајна несреќа била донесена70-годишната Е.С. од Скопје.
При разговор со повредената извршен од полициски службеници од СВР Скопје, таа изјавила дека околу 14 часот на улицата „Св.Кирил и Методиј“ била удрена од непознато возило, кое по несреќата го напуштило местото.
Се работи на расчистување на случајот.