Возрасна жена со компромитирачки фотографии уценувала сограѓанка

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против Ж.Г. на 55 години од Кочани, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „уцена“.

Во втората половина на август 2021 година пријавената набавила фотографии од женско лице од кочанско село со компромитирачка содржина, по што ги покажала на две други женски лица, а потоа ја уценувала оштетената да ѝ даде 5000 евра за да не ги објави фотографиите.