
По повеќе од една година за Индијана Пејсер заигра Виктор Одалипо и погоди „тројка“ со која неговиот тим влезе во продолженија и дојде до домашна победа над Чикаго Булс од 115:106.
Одалипо 13 месеци беше надвор од терените поради повреда на десното коло, а во враќањето за 21 минута постигна 9 поени и ја погоди „тројката“ за продолженијата откако првите шест обиди му беа неуспешни.
Во продложението за победата на Пејсерс се погрижи Малком Брогдон кој 7 од своите 15 коша ги постигна во дополнителните пет минути. Покрај тоа имаше и 9 асистенции и 8 скокови. Ти Џеј Ворен со 25 коша ги водеше стрелците на Индијана, додека Доматас Сабонис оствари 15 поени и 11 скокови. Чендлер Хачисон со 21 кош и Зак Левин со 20 поени беа најдобри кај Булс.
Во Портланд домашните Трејлблејзерс, Демиен Лилард со 36 поени, 11 асистенции и 10 скокови, што е неговиот прв „трипл-дабл“ во кариерата, ги водеше до победата 125:112 против Хјустон Рокитс. Лилард погоди 6 „тројки“ од 12 обиди, а две беа од оддалеченост од десет метри од коштот. Си Џеј Меккалам додад 22 поени, а новодојдениот Тревор Ариз постигна 21 поен за победниците. Расел Вестбрук со 39 коша, 10 скокови и 6 асистенции беше најдобар кај Хјустон, додека повратникот на паркетот Џејмс Хардерн постигна 18 коша.
Сан Антониот го имаше синоќа расположениот Демар Дерозен, но и речиси сите играчи беа синхронизирани, што им помогна пред своите навивачи и без Ламаркус Олдриџ да ги победат Јута Џез со 127:120. Дерозен постигна 38 коша со 5 скокови и 5 асистенции. Пети Мисла додаде 18, а Дејунте Мареј 16 поени. Во вториот последователен пораз Џез ги предводеше Донован Мичел со 31 кош, Руди Гоберт имаше 17 поени и 19 скокови, а Бојан Богдановиќ имаше 17 коша, 9 скокови и 4 асистенции.
Во Њујорк Ниск беа поразени од Мемфис Гризлис со 106:127, но 48 секунди пред крајот на мечот малку недостигаше да дојде до општа тепачка. Инцидентот го започна Џае Кроудер кој почувствува потреба да ја поправи статистиката кога Никс веќе се предодоа па украде една топка и шутна „тројка“, што не му се допадна на Ефрид Пејтон, кој го оттурна додека беше во шут. За среќа еден од судиите беше многу близу и успеа да запре поголем инцидент, а двајцата играчи беа исклучени. Гризлис до 11-та победа во 14-те јануарски дуели и севркупен половичен ефект 24:24 ги предводеше Дилон Бруск со 27 коша, Џа Морант со 18 поени и 10 асистенции и зае Кроудер со 18 кошеви и 7 скокови.
ИСТОЧНА КОНФЕРЕНЦИЈА
Атлантска дивизија
1. Торонто 33 14 .702 –
2. Бостон 31 15 .674 1 1/2
3. Филаделфија 31 17 .646 2 1/2
4. Бруклин 20 26 .435 12 1/2
5. Њујорк 13 36 .265 21
Централна дивизија
1. Милвоки 41 6 .872 –
2. Индијана 31 17 .646 10 1/2
3. Чикаго 19 31 .380 23 1/2
4. Детроит 17 32 .347 25
5. Кливленд 13 35 .271 28 1/2
Југоисточна дивизија
1. Мајами 32 15 .681 –
2. Орландо 21 27 .438 11 1/2
3. Шарлот 16 31 .340 16
4. Вашингтон 15 31 .326 16 1/2
5. Атланта 12 36 .250 20 1/2
ЗАПАДНА КОНФЕРЕНЦИЈА
Северозападна дивизија
1. Денвер 32 15 .681 –
2. Јута 32 15 .681 –
3. Оклахома Сити 29 20 .592 4
4. Портланд 21 27 .438 11 1/2
5. Минесота 15 32 .319 17
Пацифичка дивизија
1. ЛА Лејкерс 36 10 .783 –
2. ЛА Клиперс 33 14 .702 3 1/2
3. Феникс 20 27 .426 16 1/2
4. Сакраменто 17 30 .362 19 1/2
5. Голден Стејт 10 38 .208 27
Југозападна дивизија
1. Далас 29 18 .617 –
2. Хјустон 29 18 .617 –
3. Мемфис 24 24 .500 5 1/2
4. Сан Антонио 21 26 .447 8
5. Њу Орлеанс 19 29 .396 10 1/2