Дваесет ипетгодишниот Конор Старџен, вработен во банката во градот Луисвил, во американската сојузна држава Кентаки, е убиецот на петмината свои колеги, меѓу кои и близок пријател на гувернерот на Кентаки, Енди Бешеар.
Американските медуими пренесуваат дека нападот го пренесувал во живо на Instagram.
Полицијата пристигнала на местото на злосторството додека сѐ уште се слушале истрели во зградата на банката и во размената на оган го елиминирала напаѓачот.
Во престрелката се ранети девет лица, меѓу кои и двајца полицајци, кои се пренесени во болница.
Подоцна ранета жена почина во болница, а еден од ранетите полицајци, 25-годишен маж, е во критична состојба, соопшти болницата во Луисвил.
Мотивот на напаѓачот засега не е познат.
Meta, компанијата сопственик на Instagram, соопшти дека веднаш го отстранила видеото од убиството во Луисвил.