
Министерството а внатрешни работи ја потврди информацијата на редакцијата на НетПрес дека во Грција е забележано луксузно теренско возило кое е сопственост на Министерството за внатрешни работи, но коешто се користи во приватни цели. НетПрес објави фотографии и видео од Грција од теренецот „Ренџ Ровер Дискавери Спорт” кој во моментов го користат четири млади девојки кои летуваат во популарниот камп „Евридки“.
Возилото за кое информиравте е сопственост на МВР, и е возено од службено лице вработено во министерството. За користењето на службеното возило ќе бидат известени соодветни органи во структурата на министерството кои ќе го истражат случајот, а за резултатите од истрагата ќе бидете навремено информирани, одговорија од МВР.
http://netpress.com.mk/foto-i-video-dzip-na-mvr-so-cetiri-devojki-leta-po-grckite-patisa/