![полиција](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2021/02/polici-a.jpg?resize=693%2C386&ssl=1)
ОВР Кочани ќе поднесе кривична пријава против О.Ц.(36) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство врз дете“ по член 201- а од Кривичниот законик, велат од МВР.
Пријавениот, појаснуваат оттаму, вработен како обезбедување во основно училиште во Кочани, на 06.10.2021 физички нападнал ученик во училиштето и му нанел повреди.
Во врска со настанот бил извршен разговор со О.Ц. и очевидци.