![makedonska-policija-3](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2014/12/makedonska-policija-3.jpg?resize=510%2C320&ssl=1)
Кривична пријава е поднесена против Б.Ѓ.(47) од Делчево вработен во СОУ „ Методија Митевски Брицо“ во Делчево поради постоење на основано сомнение дека е сторител на кривично дело „производство и дистрибуција на детска порнографија“.
Како што соопштува МВР, вчера околу 14,00 часот во соблекувалната на спортската сала на гимназијата во Делчево три ученички на возраст од 16 и 17 години од Делчево додека се пресоблекувале пронашле мобилен телефон кој бил вклучен да снима.
Извршен е увид од страна на полициски службеници при ПС Делчево при што е утврдено дека мобилниот телефон е на осомничениот Б.Ѓ.