Поднесена е кривична пријава за вработена во болница, бидејќи одзела платежна картичка од пациент и пазарела со неа во продавници, информираше Министерството за внатрешни работи (МВР).
„Денеска, полициски службеници од Единицата за внатрешни работи Карпош во полициска станица извршиле службен разговор со С.С. (53) од скопско село, вработена во Градската општа болница „8 Септември”. Таа се сомничи дека од С.М., додека бил на лекување во болницата, одзела платежна картичка и пазарела во повеќе продажни објекти, по што ја вратила картичката. Во службениот разговор таа го признала делото. По целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна кривична пријава“, соопшти МВР.