
Битолската полиција поднела кривична пријава против А.Ѓ.(39) вработен во „ЕВН Македонија“ и Г.С.(42), вработен во „МЕПСО“, двајцата од Битола, за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.
Во саботата, на улица Кире Костадиновски во Битола, пријавените ја искористиле службената положба на тој начин што нелегално приклучиле електрични дигитални броила во три куќи и еден деловен објект, при што предизвикале штета на „ЕВН“ во износ од 1.499.486 денари, износ што требало да се плати за легален приклучок.
Покрај ова, на патот Битола-Прилеп нелегално поврзале електричен кабел под напон во разноводен ормар од ТС „Таирови Лозја“.