Оддделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди во МВР до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против 36 лица, од кои осуммина вработени во МВР, поради основано сомнение дека сториле кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ по чл. 353, „несовесно работење во службата“ по чл. 353 и „фалсификување на службена исправа“ по чл. 361 од Кривичниот законик, како и против 28 граѓани поради сомневање дека сториле поттикнување во извршување на наведените кривични дела, соопшти МВР.
Вработените во Одделението за управни работи Скопје искористувајќи ја својата службена положба и овластување на 28 граѓани, спротивно на законските прописи, без да имаат положено возачки испит и без потребната документација, извршиле електронско креирање на документација со внесување на лажни податоци, истата ја одобриле за изработка, по што им биле издадени возачки дозволи за управување на моторни возила.