Вработени во општина Бутел се заканувале на раководител

Раководител во општина Бутел, на 13.07.2024 година во ПСОН Чаир пријавил кривично дело “Загрозување на сигурноста” по чл.144 ст.2 од КЗ.

Службеникот-Раководител во општина Бутел добил СМС пораки со заканувачка содржина, од вработените во општината А. Е. и Б. Р.

Од страна на ЕНК-ОНК преземени се мерки и активности, при што се обезбедени лицата А. Е. и Б. Р., обезбеден е доказен материјал и извршен службен разговор. Во консултација со ОЈО Скопје против истите ќе се поднесе кривична пријава по редовна постапка.