Вработени во скопски „Комуналец“ нападнале полициски службеник

Во вторникот во Полициската станица Гази Баба бил извршен службен разговор со И.И. и А.М.Б., двајцата од Скопје.

Како што соопштува МВР, претходно во просториите на скопското јавно препријатие „Комунална хигиена“ во населбаа Ќерамидница му се заканувале и навредувале полициски службеник, по што И.И. физички го нападнал.

По целосно документирање на случајот против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.