Вработените во ДПИ потпишуваат петиција за поддршка на директорот Пауновски, во понеделник ќе ја поднесат во Владата

Вработените во Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) речиси стопроцентно го поддржуваат директорот Стојко Пауновски и се спротивставуваат на изјавата на премиерот Зоран Заев дека има основа за негово разрешување по одбивањето да вработи лица од владината ткн К-5 програма за распоредување на „рамковните“ вработени во државната администрацаија кои со години не доаѓале на работните меса.

Од Државниот пазарен инспекторат во понеделник до архивата на Владата ќе ги достават потписите од петицијата која веќе втор ден циркулира меѓу вработените за поддршка на Директорот Стојко Пауновски ,по барањето на премиерот Зоран Заев за негово разрешување, откако тој одби да распредели 35 рамковни административци. Со оваа петиција вработените бараат и итна средба со Заев.

Извори од ДПИ за Канал 5 велат дека спроведувањето на петицијата се уште е во тек, а досега биле собрани потписите од над 90 проценти од вработените. Од таму потенцираат дека и покрај случувањата со нивниот директор се се одвива нормално, дека тие како и досега продолжуваат со деноноќната работа на терен.

Во меѓувреме владиниот портпарол Душко Арсовски телефонски за Канал 5 изјавил  дека „нема ништо ново“ околу случајот со Пауновски и дека засега се останува на вчеррашната изјава на премиерот според која има основа за разрешување, бидејќи како што рече, Пауновски со пркос одбил да ги спроведе владините одлуки.

„Тоа што јас го кажав не беше одлука туку спроведување на Закон во една институција која владата ми ја доверила јас да ја раководам. Поинаку не знам и не сакам да работам“, изјави  Пауновски во петокот вечерта.

Со поддршка за Пауновски, покрај вработените последните два дена се јавија и поранешни партиски и државни функционери од редовите на СДСМ за коишто одлуката на Пауновски е принципиелна и повикуваат туку да се променат критериумите за распределбата на вработените по Рамковниот договор од 2001 година, своевидна трансфорамција на вработувањата според ткн „национален клуч“ од периодот на комунистичкиот режим, а што сега главно се однесува на припадниците на албанската заедница.

Инаку, во синоќешното соопштение двајцата вицепремиери Артан Груби и Љупчо Николовсти наведоа дека е „неприфатливо да не се почитуваат одлуките на Владата за вработување на админстративците вработени по Рамковен договор“.

„Владата нема очекувања ниту побарувања распределените лица во Инспекторатот да ги вршат работите на инспекторите, но Владата знае дека во сите институции има потреба од дополнителен ангажман на различни нивоа, особено ако за тоа институцијата нема дополнителен финансиски трошок“, се вели во заедничкото соопштение во кое дополнително ја известуваат јавноста дека премиерот Заев во четвртокот го побарал Пауновски, но тој не одговорил на повикот.

Според нивм од рамковните вработени низ годините без конкретен ангажман, досега се распоредени 635 лица, а од следниот месец ќе се распоредат 18 во Агенцијата за вработување, три во Инспекторатто за јазици, шест во Централен регистар, 145 се во процедура да почнат со реален работен ангажман во МВР и 101 во УЈП.

Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците предводено од првиот вицепремиер Артан Груби, во средата на ДПИ, каде што веќе 40 отсто од вработените се Албанци, му додели 35 „рамковни“ од кои само 12 кои имаат соодветно образование, а инсистират да работат само во три општини во западниот дел од Македонија.

Потоа директорот на Државниот пазарен инспекторат, Стојко Пауновски, објасни дека одбил вработување на рамковните административци бидејќи според систематизацијата на ДПИ, тие не ги исполнувале критериумите. Тој побара „рамковните“ кои ѝ се доделени на институцијата со која раководи, да ги земе друга, каде ќе можат да работат според образованието.