Вработените во Ферари со рекордни бонуси
Варбоотените во Ферари ќе добијат најголеми бонуси во историјата на компаниијата по успешниот старт во 2013 година во која производителот на автомобили забележа рекордна добивка. Вработените ќе добијат бонус од 4.069 евра, кои се нарерчени производствен бонус , а се поврзани со квалитетот на возилата и со финансиските резултати, а не со производството.
Ферари , минатата година објави дека планира да произведе помалку од 7.000 автомобили за секој од нив да може да добие екскулзивна вредност. Овој план на компанијата засега функционира беспрекорно, бидејќи приходите се зголемени за 5 отсто, додека профитот за 8,3отсто.
Но, ситуацијата во Скудерија не е розова. Тимот е далеку од врвот во Формула 1, а претседателот Лука Ди Монтеѕемоло не го криеше разочарувањето по трката за ГН на Бахреин , каде пилотите на италијанскиот тим Фернандо Алонсо и Кими Раиконен се пласираа на деветтото, односно десетото место.