Вработените во МВР од септември ќе добијат зголемени плати за 5 отсто

Владата на денешната 65-та седница го задолжи министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски да ги преземе сите потребни активности за реализација на покачувањето плати во МВР во висина од 5 проценти, почнувајќи со платата од септември 2022 година. Ова следи по известувањето од МВР дека во буџетот на министерството за 2022 година се предвидени средства за ваквото покачување од месец септември како и барањето на МВР за ваквиот заклучок, со цел да се направи промена на решението за вредноста на бодовите.

Владата го задолжи министерот за внатрешни работи, да ги преземе сите потребни активности за реализација на покачувањето плати во МВР во висина од 5 проценти.