Вработувањата во САД малку се забрзало во ноември, предводено од секторите за здравствена заштита и државните служби, но се задржа под просекот за претходните 12 месеци, објави во петокот Министерството за труд.
Во ноември, 199.000 нето нови работни места биле отворени нето во најголемата светска економија, по 150.000 во октомври и ревидираните 262.000 во септември.
Новите податоци покажуваат дека во претходните два месеца се отворени 35.000 работни места помалку отколку што покажуваа претходните проценки на министерството.
Податокот за ноември е понизок од месечниот просек во претходните 12 месеци, кој изнесуваше 240.000 нововработени, но е во согласност со растот на вработените во последните месеци, велат од Министерството.
Најмногу нови работни места биле отворени во ноември во здравството и во државните служби. Повеќе вработувале работодавачите во индустрискиот сектор.
Во здравството, бројот на вработени е зголемен за 77.000, што е повеќе од просекот од 54.000 месечно во претходните 12 месеци.
Нето на приватниот сектор отворил 150.000 нови работни места, а државата 49.000, покажуваат податоците на Министерството.
Вработувањата во државните служби се усогласени со месечниот просек во претходните 12 месеци, кој изнесуваше 55.000 нововработени, информираат од Министерството.
Индустријата додала 28.000 нето работни места, што одразува зголемување на вработеноста за 30.000 во индустријата за моторни возила и делови, бидејќи работниците се вратија на работа по штрајкот.
Намален е бројот на вработени во малопродажбата, за 38 илјади во однос на претходниот месец, а најмногу работници отпуштиле стоковните куќи, од кои 19 илјади.
Стапката на невработеност е намалена за 0,2 процентни поени во однос на октомври, на 3,7 отсто, со приближно 6,3 милиони невработени.
Просечната саатница е зголемена за 0,4 отсто во однос на октомври, на 34,10 долари. Во однос на истиот месец лани е зголемен за четири отсто.