
Во Собранието на Република Македонија во петокот во 13 часот ќе биде врачена државната награда „Свети Климент Охридски“ за 2017 година.
Во областа на воспитанието и образованието наградата ја добиваат професорот и писател Венко Андоновски и историчарот Наим Алими.
Во областа на културата и уметноста наградата годинава им се доделува на музичкиот уметник Гарабет Тавитјан, писателот Јордан Плевнеш и на филмологот Илинденка Петрушева.
Одлуката ја донесе Организацискиот одбор за државната награда „Св. Климент Охридски“ под претседателство на академик Владо Камбовски.
„Св. Климент Охридски“ е највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, заштитата и унапредувањето на човековата околина и во социјалната дејност од јавен интерес на Република Македонија