
Благодарение на дождот, во главниот град денес има големи гужви, но ако случајно почне да ве фаќа нервоза, тогаш само помислете на тоа како изгледа кога луѓето се враќаат од работа во Кина. Верувајте ќе бидете благодарни што сте овде!
Имено, видеото што имате можност да го проследите, откриба како изгледа кога жителите на Пекинг се враќаат дома од одмор, односно по прославата на Денот на државноста (се слави од 1-ви до 7-ми октомври).
За жал, локланите медиуми не откриваат колку биле долги овие колони, но затоа појансиле дека застојот настанал, откако властите се досетиле да постават нови контролни точки на автопатот кој има дури 50 ленти.