По враќањето на работа од годишниот одмор и летување, на никој не му е лесно да се врати на секојдневната работна рутина и на секојдневната работа во канцеларија.
Но, тоа што мора да се направи, мора, а постојат неколку трикови кои ќе ви ги олеснат работните денови!
Уредно работно биро
Украсете го своето биро со фотографии на драги луѓе и предмети кои ги сакате, така што ќе биде доволно само еден поглед и одеднаш се’ ќе ви се чини полесно.
Награда за крај на денот
Не дека секој ден треба да се наградувате бидејќи сте го преживеале седењето во канцеларија, но таквите награди, од време на време, кога ќе ја постигнете зададената цел, ќе ви дадат поттик за понатаму.
Прошетка на пауза
Искористете ја паузата за свеж воздух и кратка прошетка. Тоа ќе ви даде дополнителна енергија и ќе го намали стресот. Уште ако имате интересно друштво, тоа ќе биде полн погодок!
Разговор со колеги
Кога сме веќе кај друштвото, никому не наштетило малку забава во текот на работното време. Напротив, разговор со колегите, што не е врзан за работа, ќе го намали стресот, но и дополнитело ќе ве поврзе, што никогаш не е лоша работа.
Омилена песна
Музиката има голма моќ во кревање на расположението. По извршување на секојдневната работна задача, слушалкуте на уво и уживајте!