Четиригодишно дете било повредено кога му била приклештена раката меѓу врати од автобус, информираше МВР.
Според полицијата, инцидентот се случил околу 19.40 часот на улицата Алија Авдовиќ во автобус на ЈСП бр. 65 А, управуван од А.Д.(41) од Скопје. При затворање на предната врата на четиригодишно дете-патник од Скопје му била приклештена десната рака.
Детето со возило веднаш било пренесено во Градската општа болница “Свети Наум Охридски“ и од страна на лекар му биле констатирани тешки телесни повреди на десната рака.
По укажаната лекарска помош било пуштено на домашно лекување. Се работи на целосно расчистување на настанот.