„Вреди“ бара институциите да го поништат договорот меѓу „Хеј ДООЕЛ“ и Државна лотарија

За доброто на нашите идни поколенија, Коалицијата ВЛЕН ја изразува својата непоколеблива посветеност да спречи секоја форма на корупција и злоупотреба на довербата на граѓаните. Како што велат од таму, со поништувањето на договорот помеѓу компанијата „ХЕЈ ДООЕЛ“ и Државната Лотарија, се отвора пат за одговорност на сите оние кои профитирале преку оваа шема на корупција.

„Им упатуваме повик на обвинителството и другите инстанции да преземат соодветни чекори за целосно расветлување на овој срамен скандал кој нанесе големи штети врз нашето општество.

Артан Груби, како глава на овој распаднат систем, и Перпарим Бајрами, неговата десна рака во индустријата за коцкање, се симболи на една империја изградена врз корупција, која ги крши правата на чесните граѓани на оваа земја.

Овие индивидуи, тесно поврзани со раководството на ДУИ, проектирале и управувале со структурирана мрежа со цел лично богатење и на нивните најблиски. Уверени сме дека ова е само врвот на ледениот брег.

Секој чекор кон уништувањето на оваа империја изградена врз коцкање и корупција, е важен чекор за правдата. На правосудните органи и обвинителството им е отворена вратата за да ги изнесат пред правдата оние што ја изградиле оваа шема.

Нема враќање! Ќе се бориме до крај против оваа епидемија на коцкање и корумпирани шеми на политичките казиномани. Артан Груби и Перпарим Бајрами, заедно со сите оние кои профитирале преку овој валкан пат, ќе одговараат пред правдата и пред народот. Времето на неказнивост заврши!“, порачаа од Влен.