Вреди е против оценување на уставноста на Законот за употреба на јазиците

Координативното политичко тело на коалицијата Вреди денеска одржа работен состанок на кој се разгледаа неколку прашања.

„Координативното тело на Вреди, без намера да се меша во работата на Уставниот суд, ја оценува како опасна и неприфатлива нивната иницијатива за оценување на уставноста на Законот за употреба на јазиците. Сметаме дека оваа иницијатива, која доаѓа од сили познати по своите анти-НАТО ставови, не е ништо повеќе од обид за државен удар со правни експерименти. Доколку ваква иницијатива биде прифатена, ќе се отвори Пандорината кутија за сите клучни достигнувања на државата, вклучително и промената на уставното име, која исто така беше реализирана без потписот на тогашниот претседател Ѓорге Иванов, што овозможи членство во НАТО. Ваков чин би го загрозил стабилноста и суверенитетот на Република Северна Македонија, сериозно заканувајќи се на нејзината евроатлантска ориентација. Коалицијата Вреди решително и без компромиси ќе го брани интегритетот на државните институции и интересите на граѓаните на Република Северна Македонија, стоејќи цврсто против секој обид за нарушување на евроатлантскиот пат на земјата“, пишува во соопштението на Вреди.