Ја информираме јавноста дека коалицијата ВЛЕН уште пред неколку дена го повлече именувањето на Афрона Вервизоли како ревизорка на ИПА фондовите. Иако Вервизоли има одлично CV и значително професионално искуство, донесовме одлука таа да биде привремено заменета со друг кадар од нашите редови. Оваа одлука е направена со цел да се осигура дека сите строги стандарди и барања на Европската Унија ќе бидат целосно исполнети, додека Афрона го заврши својот обврска со добивање на сертификатот, велат во партиското соопштение од ВРЕДИ
Дополнително, сметаме дека е од клучна важност да се посвети внимание на истражување и откривање на злоупотребите на средствата од ЕУ кои се случувале во минатото. Овие злоупотреби не само што се оставиле траги во документацијата, туку и предизвикале Европската канцеларија за борба против измами (ОЛАФ) да побара враќање на неколку милиони евра од страна на државата.
Коалицијата ВЛЕН останува посветена на принципите на транспарентност, одговорност и отчетност во управувањето со јавните и европските фондови. Ќе продолжиме да дејствуваме во најдобар интерес на граѓаните, со цел да обезбедиме правилно искористување на ресурсите и да се спречат понатамошни злоупотреби, се вели во соопштенеито на оваа Коалиција.