Вредни древни артефакти најдени во желудникот на алигатор

Годинава по течението на Мисисипи е потврден убиен огромен алигатор долг 4,1 метри, а во желудникот на чудовиштето од 340 килограми се пранајдени два древни артефакта, нешто што наличува на висок и перка од стрела, кои можеби датираат од 1.700 година односно 600 години пред нашата ера, што е опишано во тамошните медиуми како „шокантно откритие на годината“.

Алигарот е улов на извесен Џон Хамилтон, кој се пофали на социјалните мрежи нарекувајќи го пленот „лов на целиот мој живот“.

Кога Хамилтон го убил животното одлучил да открие што содржи неговиот желудник, бидејќи од други ловци на алигатори слушал дека таму може да се најдат „интересни работи“, како на пример жетони во ваквите животни уловени во Јужна Каролина. Го распорил стомакот на својот плен надевајќи се дека ќе најде нешто необично, а неговите надежи се исполниле откако во желудникот на огромното животно открил два артефакта кои припаѓале на древните Индијанци.

Прв од американската научна задница реагирал Џејмс Старнс, директор за геологија и картографија во Одделот за квалитет на животната средина. На почетокот тој ги проучувал само примените фотогрфии од артефактите, а подоцна нивната старост ја проценил на древниот висок на околу 1700 година пред новата ера, а дека врвот од стрелата е стар и датира околу 6000 година пред новата ера.

Во сојузната држава Мисисипи вкупно се пронајдени повеќе од 19.000 слични артефакти кои потекнуваат од пред 12.000 години. Досега останува мистерија каде и кога гигантските алигатори можеле да ги проголтаат древните предмети кои им припаѓале на домародното население во Северна Америка.

Острицата на стрелата од стомакот на рептилот припаѓа на раниот архаичен период. Стернс верува дека врвот можеби бил дел од стрела или копје, но според него можно е и да припаѓал на поголемо „рано оружје“.

Научникот вели дека многу луѓе во научните кругови претпоставуваат дека сите вртенести предмети од древниот свет се врвови од стрели. Меѓутоа тогаш, според Старнс, тие треба да бидат мали остри триаголни плочи или камчиња во форма на пирамида. Но, врвот пронајден во желудникот на алигаторот би можел да биде завршеток од помасивно копје за лов.

Добиениот детал бил сличен на копје познат како атлатл. Ова древно орадие со помош на лостови постигнувал поголема брзина при фрлањето на копјето, што се постигнувало со употреба на нешто што научникот го нарекува „потпорна површина“. Со тоа ловците или воините правеле дополнителна сила при фрлањето на копјата.

Другиот артефакт пронајден во желудникот на алигаторот, Старнс го опишува како висок, а според него како котва го користеле рибарите на реката околу 1700 година пред новата ера. Научникот вели дека во моментов со сигурност не е позната вистинската намена на овој древен артефакт. Исто така, дупкуте на него можело да бидат користени како острачи за куки или јадици од коски. Тие морало одвреме-навреме да бидат острени затоа што додека биле во водата брзо ја губеле острината и затоа биле острени за врвот на куката секогаш да биде остар. Но, како што вели Старнс, ова се само претпоставки.