Во 12:45 часот, Биткоинот се продавал за 82.015,19 долари на најголемата берза за криптовалути Binance, додека неговата вредност во исто време на берзата Koindex била уште поголема и изнесувала 82.149,47 долари.
Крипто-пазарите позитивно реагираа на победата на Доналд Трамп на претседателските избори во Соединетите Американски Држави, а бранот на многу добро расположение кај инвеститорите се уште е присутен, јавува CNN (CNBC).
Инвеститорите веруваат дека новиот американски претседател, кој се декларира како поддржувач на криптовалутите, ќе овозможи овој пазар да процвета.
Вредноста на биткоинот е повеќе од двојно зголемена од овогодинешното ниско ниво од 38.505 долари, пренесува Ројтерс.