Времен сообраќаен режим на булеварот Христијан Тодоровски Карпош

Градот Скопје ги известува граѓаните дека утре и задутре (3 и 4 април 2018 година) ќе се асфалтираат двете леви сообраќајни ленти на булеварот Христијан Тодоровски Карпош (од страната на паркот во Чаир), на потегот од крстосницата со улицата Џон Кенеди до улицата Рокомија. Поради тоа, на булеварот ќе се воведе привремен сообраќаен режим, ќе се постави соодветна патна сигнализација, а сообраќајот ќе се одвива по двете десни ленти на коловозот.

Градот Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација на оваа делница и да ја приспособат брзината на движење на условите на патот.