
Градот Скопје информира дека на 24-ти и 25-ти мај, сабота и недела, дел од булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов, поточно, на потегот од крстосницата со булеварот 8-ми Септември, до улица Московска, ќе биде затворен за сообраќај.
Времениот режим е поради изведба на градежни активности, односно попречни прекопи за поставување на подземна инсталација.
Викендов булеварот ќе биде затворен во периодот од 7 до 17 часот.