Градот Скопје информира дека викендов, 23 и 24 август ќе се изведуваат градежни активности на дел од булеварот “Митрополит Теодосиј Гологанов”.
Градежните активности – попречни прекопи за поставување на подземна инсталација, ќе се извршуваат во период од 07 до 17 часот, на потегот од крстосницата со бул. „8-ми Септември“ до крстосницата со ул. „Московска“.
Сообраќајот ќе се одвива согласно времено поставениот режим.
Од Град Скопје апелираат до сите учесници во сообраќајот да се придржуваат кон времено поставениот режим на сообраќај.