![133172828 престојот](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2017/02/133172828-13.jpg?resize=540%2C300&ssl=1)
Ова денеска го истакна министерот за труд и социјална политика, Ибрахим Ибрахими, кој рече дека не значи дека тој рок е конечен, туку во зависност од условите за враќање може да се продолжи.
Од увидот на екипите на Центарот за социјална работа на Град Скопје и Гази Баба кај некои веќе се создадени услови и се уште ги користат просториите на Сениќ. Уште еднаш ќе отидам на терен со директорот на Центарот за социјална работа за да провериме ако постојат услови да не се злоупотребуваат институциите и луѓето да се вратат на своите места. Да дозволиме тие средства да се пренасочат онаку каде е потребно, додаде Ибрахими, одговарајќи на новинарско прашање по посетата на новата занимална (доградба) во објектот „Детелинка“ во општината Ѓорче Петров.