Променливо облачно време со слаби врнежи од дожд во југозападните и североисточните делови не очекува во текот на денешниот ден. На повисоките места ќе има врнежи од дожд и снег, а на планините од снег.
На запад ќе дува умерен до засилен ветер, особено на планините. Температурата ќе се движи од нула до 11 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно со температура до 10 степени.
Од сабота позначително заладување
Во петок под влијание на нов влажен бран ќе има врнежи од дожд, а од сабота се очекува позначително заладување со северен ветер и врнежи од снег.