Временска прогноза за денес

Сончево со ветер од источен правец. Вакво време за денес најавија метеоролозите кои предвидуваат дневна температура ширум државата од 13 до 21 степен.

Во главниот град максимумот же се искачи до 17 степени а ветерот од исток нема да го одмине ниту Скопје.

Поголеми промени се најавуваат за среда кога ќе почне да дува ветер од северен правец кој ќе донесе пад на дневните температури.