Временските непогоди ги чинеле германските осигурителни компании речиси пет милијарди евра

Поплавите, градот и други екстремни временски услови предизвикаа германските осигурителни компании да загубат вкупно 4,9 милијарди евра оваа година, што е прелиминарно за 900 милиони евра повеќе отколку во 2022 година, објави во четвртокот осигурителната асоцијација GDV.

Загубите произлегуваат од осигурената штета на станбени недвижности, имот на домаќинствата, деловни објекти и моторни возила.

Силните бури во текот на летото предизвикаа многу штети кои само во август изнесуваа 1,5 милијарди евра. Невремето беснееше и во јуни, причинувајќи штета од стотици милиони евра, се наведува во соопштението на GDV.

Најголем дел од трошоците во штотуку завршената година се штети од невреме и град, во вкупен износ од 2,7 милијарди евра.

Поплавите и другите неpoгоди направиле штета од 900 милиони евра, нешто помалку од просекот. Сепак, според GDV, осигурената штета на моторните возила изнесува 1,3 милијарди евра и е над долгорочниот просек.

Оттука, загубите главно останале на нивото на висок долгорочниот просек од 4,9 милијарди евра, рече извршниот директор на GDV, Јерг Асмусен, според соопштението за печатот.