ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА: Метеоролозите најавуваат дожд и силен ветер

Времето денеска претпладне ќе биде претежно облачно, студено и ветровито со повремен локален дожд, особено во западните и југозападните делови.

На планините врнежите ќе бидат од снег. Попладне облачноста ќе се намалува. Ќе дува повремено засилен северен ветер, особено долж Повардарието и на исток каде на моменти ќе достигнува брзина и над 70 км/час.

Минималната температура ќе се движи од пет до 11, а дневната ќе опадне за околу 8 степени и ќе се движи од девет до 16 степени.

Во Скопје, претпладне времето ќе биде облачно со повремен дожд, а попладне променливо облачно со сончеви периоди и со умерен до засилен северен ветер. Температурата ќе се движи од осум до 13 степени.

Во недела преку денот ќе биде суво и малку потопло, а кон крајот на денот и во текот на ноќта, се очекува значително заладување со засилен ветер и локални врнежи од дожд, а снег на планините. Потоа од вторник времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури кои на повеќе места ќе се спуштат под нулата.