Времето денеска променливо облачно со сончеви периоди

Времето ќе се задржи променливо облачно со сончеви периоди и слаб ветер од променлив правец. Во крајните источни и западни делови ќе има услови за слаб локален дожд.Максималната температура ќе биде во интервалот од 10 до 15 степени.

Во петок ќе дува умерен северен ветер кој ќе предизвика намалување на облачноста.

За време на викендот и во почетокот на наредната недела времето ќе биде стабилно и суво.