
Сончево време, но минусни температури. Времето денеска ќе биде стабилно, со слаб југоисточен ветер.
Утринската температура ќе се движи од минус осум до минус еден, а дневната од пет до 12 степени.
Во Скопје слично време. Утринската температура ќе биде минус пет, а дневната ќе достигне 10 степени.
За време на викендот ќе се задржи сончево време со ниски утрински температури.
Зголемување на температурите се очекува од понеделник, а во ноќта кон вторник ќе има услови за краткотраен снег.