Времето во Македонија денеска ќе биде умерено до значително облачно.
Наутро по котлините има појава на магла, особено долж Повардарието. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец, повеќе ќе биде изразен на повисоките места и на планините. Температурата ќе се движи од осум до 14 степени.
Во Скопје ќе биде умерено до значително облачно. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Температурата ќе достигне до осум степени.
Од утре попладне во западните и јужните делови се очекуваат повремени локални врнежи од дожд, но позначителна промена проследена со врнежи и северен ветер се очекува од петок преку денот.