Времето претежно облачно, можни се врнежи од дожд

Времето во Македонија ќе биде претежно облачно, претпладне со повеќе сончеви периоди, а попладне со повремен локален дожд, зголемена облачност и со услови за појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи.

Утринската температура ќе се движи од пет до 10, а дневната од 15 до 22 степени.

Во наредите денови ќе преовладува променливо облачно време со повремени сончеви периоди, но и со повремен дожд. Во попладневните часови ќе има услови за појава на нестабилност, со пороен дожд проследен со грмежи. Температурата во однос на другите денови нема многу да се менува.