
Времето претпладне ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а во попладневните часови на повеќе места ќе има појава на пороен дожд со грмежи, особено во северните и во источните делови од земјата. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југозападен правец.
Утринската температура ќе се движи од девет до 17, а дневната од 25 до 31 степен.
Од среда времето ќе биде стабилно и топло со значителен пораст на дневната температура.