Времето врнежливо, температурата до 20 степени

Не очекува врнежливо време, а во текот на денот ќе преовладува променливо облачно време. Облачноста во попладневните часови ќе се намалува. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Утринската температура ќе се движи од шест до 10, а дневната од 13 до 20 степени.

Во наредните денови ќе се задржи променливо облачно, но потопло време, со кратки сончеви периоди претпладне, а попладне со локален пороен дожд проследен со грмежи. Такво време ќе имаме и за првомајскиот празничен ден. Извесно преодно подобрување на временската состојба со посончево време ќе има во петок.