Во Врховниот суд денеска треба да се одржи јавна седница за случајот „Монструм“. Претходната беше одложена, бидејќи полицијата не донесе еден од петтемина осудени за петкратното убиство што се случи на 12-ти април 2012 година кај Смилковско Езеро.
Врховните судии треба да ги разгледаат жалбите за доживотните затворски казни, кои на осудените им ги изрече Основниот суд, а ги потврди и скопска Апелација.
Одбраната бара предметот да го преземе Специјалното јавно обвинителство.